Со многу труд и посветеност, а речиси со многу малку пари и инвестиции е уредена нова јавна површина на влезот од селото Таринци покрај регионалниот пат кој води до планината Плачковица во општина Карбинци.
Станува збор за уредување на околу 2000 м2 јавен простор во јавен парк кој претходно беше запустен и некултивиран.
По иницијатива на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во изминатите 2 месеци екипи на ЈП Плачковица работеа на уредување на овој простор како хортикултурно, така и со урбана опрема со минимални сопствени сретства од јавното претпријатие и општината.
Реализираниот проект е еден од приоритетите кои што стигнаа до градоначалникот во изминатиот период, на барање на граѓаните а во функција на зголемување на репрезентативноста на самата општина, но и за рекреација и социјализација на граѓаните.

Актуелно општина Карбинци интензивно работи на повеќе тековни проекти кои што се во фаза на планирање и подготовка на документација а она што може да издвоиме како најава во моментот е почетокот на изградбата на 3 улици кој што се очекува многу бргу да започне со реализација како и 2 мали спортски терени во општината,
-информира Градоначалникот Паунов за јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ – промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ во Кочани
Активности од кампањата „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ во Кочани
Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, лишено од слобода едно лице, следува пријава