БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Сончева револуција” нема да учествува со свои претставници на изборите на 12 април

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Граѓанската иницијатива наречена “Сончева револуција” која што е активна на социјалните мрежи како и во организирање и поддршка на повеќе граѓански активности, собири и протести со свој став се одзва во јавноста во врска со учеството или неучеството на претстојните предвремени парламентарни избори.

Во продолжение во целост го пренесуваме нивното соопштение до јавноста:

“Почитувани, бидејќи многумина од вас ни поставија прашања во врска со ставот на Сончева за престојните избори, чуствуваме потреба на сите оние кои се прашуваат кој е тој, јавно да го соопштиме.
Ова наше соопштение важи и за сите понуди кои ги имавме за било какво учество во изборите. Иако ова не беше став донесен прекуноќ, сепак остануваме доследни на она што значи Сончева револуција како и нејзината идеја и цел.
#СончеваРеволуција е надпартиска и всемакедонска организација и не е заинтетесирана за понуда или претставување на свој членови за овие избори како и за обединување. Оние кои ќе побараат од нас поддршка, ако сметаме дека се со идеологијата кои ние ја негуваме и градиме, ќе ги поодржиме, но не се обединуваме за никакви политички и изборни активности. На овој чекор се одлучивме зошто цениме дека нашта заложба и задача е поголема од овие избори и дневнополитички случувања.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

А до тогаш ве повикуваме сите да присуствувате на дефилето и настанот на #СончеваРеволуција на 11ти јануари. Кажете и направете нешто добро за Македонија. Ви благодариме на вниманието.”

Креирано од:


Пренеси го гласот