БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соопштение до јавноста од Полициската станица за општа надлежност – Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поради високите температури низ цела држава се зголемува и опасноста од избувнување пожари на отворен простор, пред сѐ во планинските предели, па така на подрачјето  што го покрива Полициската станица од општа надлежност – Кочани, има зголемена појава на пожари.

Полициската станица од општа надлежност – Кочани апелира до граѓаните од општините на подрачјето на ОВР Кочани да бидат внимателни ако се движат и работат во поле, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгасени догорчиња.

Во пресрет на празниците Св. Петка и Св. Пантелејмон, кога се очекува зголемена фреквенција на луѓе низ  планинските населени места на подрачјето на општина Кочани, потсетуваме дека на сила е забраната за движење во шума и забраната за палење оган на отворен простор, а секое недозволено движење во шума без соодветна дозвола од Шумското стопанство е казниво.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ОВР Кочани апелира секое неодоговорно однесување со оган што ќе го забележат граѓаните да го пријават на телефонските броеви 112 и 193.

Заради сузбивање на негативните појави ПС Кочани ќе врши зајакнати контроли на теренот, а против прекршителите на позитивните законски регулативи ќе бидат преземани сите законски мерки.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace