БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соопштение од општина Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Берово е првата општина меѓу општините, која согласно Законот за финансиска подршка на Единиците на локалната самоуправа ги измири обврските кон доверителите.

Берово беше меѓу првите општини кои распишаа јавен повик, согласно Владината мерка за раздолжување на општините, за доспеани а неплатени обврски, заклучно со месец септрмври 2018 година.

По завршениот процес на преговарање, Градоначалникот изготви Извештаи, за вкупниот договорен износ по доверители.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По одобрувањето на Извештаите од страна на Советот на Општина Берово, пристапено е кон исплата.

Целокупниот процес е завршен со измирување на обврски кон доверители, во вкупен износ од 24.389.340,00 денари, при што Општина Берово е првата општина во земјата која го исплати долгот кон доверителите.

Ова уште еднаш ја потврдува ажурноста на службите во општината, во завршувањето на обврските.

Мерката на Владата за финансиска подршка, овозможи во Општина Берово, голем дел од обврските да бидат измирени  и донесе финансиска стабилност на општината.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace