На 14.03, македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе го има своето прво прикажување пред македонската публика на претпремиерата во Cineplexx.
Филмот Господ постои, името ѝ е Петрунија/God exists, her name is Petrunya на Теона Стругар Митевска доби награда од независното жири „Ecumenical” и награда „Guild Film Prize”. во рамки на Берлинскиот филмски фестивал.
Во Штип, секој јануари, локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката и стотина мажи се нурнуваат по него. Добра среќа и просперитет се загарантирани за оној кој ќе го фати.
Овој пат, Петрунија скока по крстот и успева да го дофати пред другите. Останатите натпреварувачи се бесни, како се осмелува една жена да учествува во нивниот ритуал? Се превртуваат небо и земја, но Петрунија цврсто стои на земја – таа го фати крстот и нема да го предаде.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените