БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виница добива донација од Јапонија во форма на мини багер ровокопач

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров на својата фејсбук страна објави информација за потпишан договор за доделување на грант цо износ од 29 илјади евра за набавка на мини багер ровокопач за потребите на на ЈКП “Солидарност” од Виница.

Ова е неговата објава во продолжение:

Долгогодишната меѓународна соработка на Македонија и Јапонија, која вчера заокружи 25 години дипломатски односи, со позитивен фидбек и на локално ниво. Девет општини, меѓу кои и Виница добија грантови за реализација на локални проекти.
Градоначалникот Ивица Димитров и директорот на ЈКП “Солидарност“, Игорчо Христов, вчера потпишаа договор со јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, за добивање грант во мини багер со ровокопач Хитачи, чија вредност е 29.054 евра.
“Ова е наша втора средба со амбасадорката Ханеда, која пред неколку месеци гостуваше во Виница, и еве таа наша средба резултираше со конкретен исход, за што сакам јавно да се заблагодарам“,

-рече Димитров.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Во краток временски период, успеваме квалитетно да го подобриме машинскиот парк на нашето претпријатие. Пред месец дена набавивме ровокопач за потребите на градежната оператива, а еве сега го очекуваме да пристигне и новиот мини багер, со што очекувам значително да се подобрат нашите комунални услуги“, рече Христов.
Инаку, на свеченоста во Скопје, на потпишувањето на договорите покрај амбасадата, присуствуваа и повеќе министри од Владата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace