БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Антонио Милошоски: Она што се случи во притворското одделение вчера беше смислено сценарио со цел да им се нанесе психичка, физичка и морална штета на опозиционери

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска се одржа Комисијата за мандатно имунитетни прашања при што се расправаше за имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ изјави дека е многу е чудно што ја сменило одлуката на обвинителството кои што истите овие четири наводи по читани смс пораки ги имало на располагање од господинот Трајко Вељаноски уште од ноември 2017 година. И во јануари 2018 година одлучило врз основа на тие смс пораки дека нема основа за обвинение. Сега врз основа на истите пораки кои што им биле на располагање една година покасно гледаме дека има основа за обвинение за тероризам.

Во изминатава година дена некој од политички побуди или можеби други побуди влијаел на обвинителството, потоа да го смени својот став. И оние материјали кои што претходно ги оцениле како несуштински и немање на основа за обвинение за тероризам денес да ги квалификуваат како обвинение за тероризам против пратеникот Трајко Вељаноски,

-нагласи Милошоски.

Милошоски појасни дека со овој чин се покажува дека правната држава е подредена на политичката волја која што во моментот се одликува со политички прогон врз политичките неистомисленици.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Она што се случи во притворското одделение вчера беше смислено сценарио со цел да им се нанесе психичка, физичка и морална штета на опозиционери,

-рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Зошто човек кој го почитувал домашниот притвор, како Јанакиески, да има потреба да влезе во ефективен притвор. За да биде понижен, малтретиран и физички истепан за од тука да почне казната за политичките неистомисленици

– рече Милошоски.

Нападот врз двајцата поранешни министри на ВМРО ДПМНЕ го осуди и пратеникот Павле Богоевски, кој претседава со Комисијата. Тој побара оставка од директорот на затворот во Шутка и истрага за да утврди одговорност во затворот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace