Претседателот на Државната изборна комисија (пред некој ден) објасни дека претстојните претседателски избори – распишани од Собранието на Република Македонија – биле распишани за избор на Претседател на Република Македонија, но кој ќе бил претседател на Република Северна Македонија, бидејќи во времето на нивното распишување Република Македонија сè уште била Република Македонија. Значи, во таканаречената Република Северна Македонија, ќе се бира претседател на Република Македонија, кој ќе ја врши функцијата претседател на Република Северна Македонија. Кој умее во ова да се снајде, нека повели. Сепак, иронијата и гротеската остануваат.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи