БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денес и утре во МКЦ ќе еруптира подземјето

Пренеси го гласот

Насловот на оваа статија нескромно ќе кажаме дека е повеќе од вистински!

Денеска и утре по двегодишна апстиненција во концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржат двата концерти на Бернис Пропаганда (Bernays Propaganda) поддржани од бендовите Xaxaxa, My tear, 21 век и Васко Атанасоски.

Оваа андерграунд и музичко-бомбардерска ескадрила претставува креативен вулкан на Македонската и Балканската рок сцена кој изобилува со креативни поединци за кои слободно ќе кажеме дека се авангарда на музиката во Македонија но и пошироко во меѓународни рамки.

Концертите денес и утре (22 и 23 февруари) започнуваат во 22.00 часот а вратите во МКЦ ќе бидат отворени од 20.00 часот.

Вкупно ќе бидат отсвирени 33 песни со над два ипол часови програма.

Ова е значаен културолошки настан кој сигурно ќе биде прераскажуван во иднина од многу луѓе.

Во продолжение погледнете неколку видео записи од овие бендови:

Креирано од:


Пренеси го гласот