БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соопштение по повод емисијата на ТВ 24-“Што ги кочи Македонците во дијаспората да инвестираат во Македонија”

Пренеси го гласот

Навредите и омаловажувањата насочени према македонската дијаспора, произнесени од страна на учесниците Николовски и Биљали, се недолични и крајно беспредметни во овој дел на македонската политичка ситуација.

Навистина е неразбирливо како вакви соучесници се покануват во македонските медиуми кои отворено застапуваат негација на уставот и темелите на македонската држава. Самиот чин на бранење и легитимирање на Преспанскиот договор преточен во северна држава, преставува чин на предавство и секако одговорност спрема влогот во тој процес.

Македонците во светот организирани во разни здруженија и асоцијации, го негуваат македонскиот јазик, култура и традиции што сега некои” црпнати ”сакаат тоа да им го одземат. Материјалното без духовното е ништовно , па токму затоа, Македонците во светот се борат и настојуваат тоа да го задржат и да им застанат на сите пречки кои се појавуват.

Легитимноста на своите барања , дијаспората ги изнесе пред повеќе од 2 години со повеќекратни протести во Австралија, Европа, Канада и Америка. Неколку десетици илјади Македонци беа присутни на сите овие настани и нивниот став е секогаш недвосмислен во однос на промовирање на Република Македонија со сите свои национални атрибути.

Должност и обврска на државните институции е да обезбедат нормални услови за гласање во дијаспората, како нераскинлив дел од македонското ткиво, фактор која секоја национална држава го цени и го почитува .

Колкаво ќе биде инвестирањето од дијаспората во Македонија, зависи пред се од степенот на транспарентност и некорумпираност на самите државни органи и институции, што за жал воопшто не е случај особено во последните две години. Само со почитување на законите и уставот возможно е создавање на принципиелни вредности , нешто што актуелната влада и парламент се далеку од почитување на овие европски начела.

Очекуваме што поскоро извинување од страна на наведените соговорници до македонската дијаспора во светот .

Координативно тело на Македонците во Европа-Скопје.

19 март, 2019.

Емисијата во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот