БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соработка на Министерствата за Внатрешни работи на Македонија и Пакистан

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешмни работи Панче Тошковски деннеска оствари работна средба со пакистанскиот амбасадот во Софија со надлежност и за Македонија.

На средбата биле разговарани можностите за продлабочување на соработката меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји како и за борбата со нелегалната миграција.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денес остварив работна средба со Н.Е. Модсар Чаудари, пакистанскиот амбасадор со седиште во Софија, чија надлежност ја покрива и Македонија.

Оваа средба беше искористена за продолжување на разговорите за интензивирање на соработката во полето на безбедноста отпочнати за време на претходната средба со пакистанскиот министер за внатрешни работи, Сајед Мохсин Раза Накви. Имено, амбасадорот Чаудари уште еднаш ја потврди волјата на Министерството за внатрешни работи на Пакистан за потпишување на договор за реадмисија со македонското Министерство за внатрешни работи, што би било особено корисно за нас во борбата против нелегалната миграција како земја низ која транзитираат нелегални мигранти со пакистанско потекло.

Воедно, се осврнавме и на постапката за потпишување на договор за полициска соработка, кој, меѓу другото, би опфаќал и соработка која би се реализирала преку Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.

И покрај географската оддалеченост, двете земји имаат иста зацртана цел – обезбедување безбедна средина за живот, секогаш со фокус кон почит на човековите права на граѓаните. Во тој дух, двете страни изразивме подготвеност и желба за интензивирање на соработката, на заемно задоволство и за заемна корист на граѓаните на обете земји.”

-напиша Министерт Тошковски на социјалните мрежи во врска со оваа средба.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace