БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Состанок со високи претставници на УНОПС – Зајакнување на партнерството за добро владеење и реформи кон Европската Унија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

\Заменик-претседателот на Владата, задолжен за политики за Добро Владеење, Арбен Фетаи, во текот на вчерашниот ден оствари средба со г-ѓа Кирстине Дамkjaер, заменик-извршна директорка на УНОПС, и г. Тим Ларднер, регионален директор за Европа и Централна Азија, во рамките на нивната официјална посета на Северна Македонија, како и со амбасадорката на Швајцарија, г-ѓа Вероник Хулман, и раководителот на Одделот за развојна соработка при Амбасадата на Шведска – Микаел Атерхог.

За време на состанокот се дискутираше за плодната соработка во рамки на проектот „Поддршка за Европската интеграција на Северна Македонија“, кој се спроведува од страна на УНОПС со поддршка на владите на Шведска и Швајцарија. Проектот претставува успешен модел на координација меѓу развојните партнери и домашните институции, ставајќи го граѓанинот во центарот на реформите.

Заменик-претседателот на Владата високо ја оцени континуираната поддршка од УНОПС, Шведска и Швајцарија и потенцираше дека доброто владеење, транспарентноста, владеењето на правото и борбата против корупцијата остануваат меѓу главните приоритети во процесот на европска интеграција.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Посветени сме да ја продолжиме работата на изградба на силни, одговорни и отворени институции кон граѓаните. Преку блиска соработка со нашите меѓународни партнери, преземаме значајни чекори кон исполнување на европските стандарди и вредности“, истакна Заменик-претседателот на Владата.

Учесниците на состанокот ја реафирмираа важноста на зајакнување на институционалниот интегритет и обезбедување на видливи резултати од реформите за граѓаните, како и ја изразија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во иднина.

Креирано од:


Пренеси го гласот