Комисијата за Туризам на ВМРО-ДПМНЕ по повод 27 септември- светскиот ден на туризмот а во рамки на кампањата “Убавината има адреса- МАКЕДОНИЈА” организира јавна трибина на тема “Состојби и предизвици на Македонскиот туризам”
Прашањата кои што ќе бидат дискутирани ги обзнани пратеничката Лидија Петкоска која што ќе биде учесник во трибината.
“
Колку и дали Македонија е препознатлива како атрактивна туристичка дестинација?
Колкава е грижата за туристичкиот развој во Македонија?
Со кои проблеми се соочува туристичкиот сектор и кои се решенијата?…
За состојбите и предизвиците на македонскиот туризам говориме утре во 13 часот.
Следете нѐ!”
-соопшти за јавноста пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026