Најголем проблем во голем процент на женската популација е борбата со вишокот килограми. Мерлин вос Савант, жената со највисок степен на интелегенција ве советува:
1. Грицките мора да се заборават Дали се солени или благи , грицките најдобро е воопшто и да не постојат во кујната.
2. Исфрлете ги ужините Наместо овошје и сок за ужина, Мерлин советува да се напиете шолја чај. Храната е корисна за телото кога сте гладни, а не кога распоредот ви вели да јадете, вели таа.
3. Одвикнете се од калоричните пијалаци со многу лед Мерлин консумира пијалаци без мраз. Таа смета дека мразот го уништува вкусот на пијалакот, па имаме потреба за повеќе.
4. Никогаш не јадете комплетно се што сте ставиле во чинијата Според Мерлин, прејадувањето е најлошиот вид на јадење. Колку и да е вкусен вашиот оброк, најдобро е да оставите дел за наредниот оброк и најдобро е да користите помали чинии.
5. Уживајте во јадењето, било сами или со пријатели Ништ не треба да ве спречи да уживате во секој залак од оброкот кој сте го приготвиле.Уживајте и тоа нека ви биде ритуал.
6. Ценете ја храната и уживајте во секој залак Ако сакате храна, тогаш однесувајте се со љубов кон секој залак, така што ќе ги почувствувате секој вкус и секоја арома, без прејадување.
7. Следете ги навиките и за време на викендите Секој од нас се опушта за време на викендот, а истото важи и за режимот на исхрана. Мерлин советува да се држите до вашиот распоред од работните денови.
8. Не потценувајте ги калориите Многу луѓе ги потценуваат калориите. Лесниот појадок и ручек кој го консумира Мерлин има околу 250 калории.
9. Јадете само храна којашто ја заслужувате Вашето тело го заслужува само најдоброто. Оставете ги тестенините, сендвичите и скарите бидејќи едноставно не го заслужувате тоа.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Си замина некогашниот Бетмен, Џим Морисон, Том Казански, Док Холидеј, Медмардиган…
Изложба „45 години ФЛУ“ на 3 април во МСУ, по повод одбележување на јубилејот на Факултетот за ликовни уметности – Скопје
Факултетот за ликовни уметности – Скопје низ призмата на студентите – Влијанието на традицијата и визијата за нови уметнички хоризонти