“Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево поднесе БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци (Општина Делчево)- село Митрашинци (Општина Берово)!
Во рамки на Вашите можности, а како резултат на утврдена потреба на дел од граѓаните на општините Делчево и Берово, како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево:Бараме дополнување на годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Делчево за 2025 година со цел оспособување за сообраќај на Регионалниот пат кој ги поврзува село Разловци (Општина Делчево)- село Митрашинци (Општина Берово) со реализација на следните активности:
– Прочистување на непотребна дрвна маса која го попречува движењето по регионалниот пат;
– пробивање со градежни машини и формирање на трасата на регионалниот пат која е лоцирана во најголем дел по долината на река Брегалница со соодветен попречен наклон;
– формирање на земјани каналетки на соодветни делници за собирање на атмосферските води по должина на патот;
– поставување на бетонски цевасти пропусти за одведување на атмосферска вода од трупот на патот;
– негово опесочување со соодветно гранулиран насипен материјал во соодветни фракции со што би гарантирало подолготрајна употреба на овој пат за потребите на граѓаните;
– разбивање на опасни карпи.
Сакаме да потенцираме дека ваквото долгогодишно барање е на граѓаните на двете општини кои гравитираат во овој дел на државата, со што значително се скратува сообраќајната комуникација меѓу двете општини.
Многу важен податок е тоа што наредната 2026та година е 150 години од споменот за Разловечкото востание и ова делчевско село и неговите мештани заслужуваат подобро поврзување со соседните општини и села.
Ваквото подобрено сообраќајно поврзување ќе овозможи и поголема посета на селото од страна на ентузијасти и вљубеници во македонската историја и поголем транзит на туристи.”
-Интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на Иван Гоцевски- Координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во делчевскиот Совет.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година