БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Советот на општина Свети Николе изгласа дислокација на регионалната депонија од своја територија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На последната седница на Советот на Општина Свети Николе беше усвоен предлог заклучокот за дислокација на регионалната депонија за комунален смет која што беше планирано да се гради во атарот на село Мечкуевци во општина Свети Николе.

По предлог на Градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев а врз основа на општата волја на жителите на општина Свети Николе во Советот на Општината со 14 гласови ЗА (еден отсутен советник) беше усвоен предлог-заклучокот со кој што се препорачува на надлежните органи изградбата на регионалната депонија да биде на друга локација надвор од општина Свети Николе.

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст на предлог-заклучокот кој што беше предложен од страна на Градоначалникот Дејан Владев:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во прилог на предлог-заклучокот на градоначалникот Владев од страна на советникот на политичката партија Левица беше придодаден и амандманот со кој што се отвара можноста за спроведување на референдум на граѓаните доколку надлежните институции на повисоко ниво во државата не ги прифатат одредбите на Заклучокот донесен на денешната седница на Советот на Општина Свети Николе.

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на амандманот кој што беше додаден на текстот на предлог заклучокот и заеднички беа изгласани од советниците:

Како дел од аргументите за изгласување на овој предлог заклучок заедно со амандманот предложен од Левица се

-дека процесот на имплементација на проектот варира од првичното решение кое било дискутирано во јавноста,

-дека е проблематично што селекцијата на отпадот според актуелното решение треба да се врши во самата депонија што подразбира повеќе фракции на смет да бидат присутни во депонијата со што повеќекратно ќе се загрози состојбата со животната средина,

-дека предвидените финансиски сретства за имплементација на регионалната депонија не се доволни за да се изгради модерен капацитет кој што нема да има негативни импликации по животната средина, а голем дел од овие стретства веќе се потрошени на камиони за комуналните претпријатија низ општините и студија како документ.

За исходот на деншната седница на Советот свое кратко соопштение до јавноста упати Градоначалникот Дејан Владев:

“На предлог на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ , Советот на општина Свети Николе донесе одлука за дислокација на регионалната депонија од територијата на општина Свети Николе со одржување на референдум доколку тоа не се случи .
Го слушаме зборот на граѓаните.”

-соопшти градоначалникот Владев.

Со ваквиот развој на настаните останува неизвесно решавањето на еден од најгорливите проблеми за граѓаните на Источниот плански регион со проблемите за справување со комуналниот смет во сите општини покрај Брегалница.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace