БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Сплавот” со име Талат Џафери наиде на жестоко торпедирање на координаторот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Координаторот на пратениците од пратеичката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со дрскоста на аргументите и силината на фактите го нападна претседателот на Собранито Талат Џафери во врска со неговите постапки и однесување во серија на случаи на кои што беше сведок целокупната Македонска јавност во изминатиот период.

Пратеникот од Штип на ВМРО-ДПМНЕ- Мицевски го нападна пратеникот од Форино на ДУИ- Џафери по сите линии на аргументација за сето она што го правеше претседателот на Собранието а внесе немир и наелектризирана атмосфера како за самите пратеници и вработените службеници во собранието така и кај граѓаните кои што секојдневно очекуваат од власта подобрување на состојбите во државата а не продлабочување на актуелните кризи со уште една политичка криза. А пратеникот Талат Џафери како прв пред останатите пратеници е еден од столбовите на актуелната власт во рамки на чие што владеење со секој нов ден се продолжува општата егзистенцијална агонија на граѓаните во државата.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во рамки на своето синоќешно процедурално обраќање по којзнае кој пат го повика на одговорност Џафери за нарушените односи во парламентот преку низа на постапки на претседателот на собранието.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Состојбата во собранието синоќа вербално ескалираше по претходното заклучување на вратите на пленарната сала во собранието по наредба на Претседателот Талат Џафери.

“Дали сте свесни што направивте? Дали сте свесни дека ја заклучивте пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ надвор од сите закони и од уставот. Заклучивте врата на пратенчка група надвор од секое нормално поведение. Уставот во член 12 вели дека слободата на човекот е неприкосновена! Ти си земаш за право да не заклучиш цела пратеничка група толкувајки Деловник како што сакаш. (кон пратеници од владеачкото мнозинство) Колиги пратеници, за што се боревте? Да не заклучат тука да не киднапираат? Е не сме ние како Кастриот да не затварате!”

-рече бунтовно координаторот Никола Мицевски и продолжи со изнесување на реалната состојба присутна во собранието наметната од постапките на Талат Џафери кои се крајно скандалозни.

Целото вербално “торпедирање” од страна на пратеникот Мицевски на “сплавот” наречен Талат Џафери, кој што има единствена цел да ја спаси владата на СДСМ и ДУИ од судот на народот на избори, може да го погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace