БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Срцето чука повторно” ново музичко чедо на Филип Јездиќ и Наташа Седлоска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Колку повеќе станува реткост македонската новокомпонирана музика толку повеќе нам како редакција ни е потреба да споделуваме музика од Македонски автори.

Новото музичко дело на Филип Јездиќ е насловено “Срцето чука повторно” во вокална интерпретација на Наташа Седлоска.

Ова е продолжување а соработката меѓу Филип и Наташа кои претходно соработуваа на уште една песна “I’ll destroy the slave in me” на Филип Јездиќ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со “Срцето чука повторно” Филип е наметнува себеси како еден од најпрогресивните музички автори на полето на рок музиката, кој што знае со својата музика да направи сублимат на огромна енергија, цврста мелодија и широк колоритен пејсаж на нови музички хоризонти кои што пркосат на целокупната музичка апатија која е присутна кај авторите кои што треба да бидат светлина во овој наш секојдневен општествен тунел.

Песната започнува со хармоничен припев на темни завеси и сенки кои пополека се раѓаат од непостојаноста на современието за да прераснат во експлозија која има потенцијал да ја промени реалноста.

Целокупен автор на песната е Филип Јездиќ а за продукцијата на звукот се погрижи Томе Темелкоски.

Видео записот е соодветна илустрација на самата песна после која очекуваме можеби издание на цел албум од Филип Јездиќ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace