БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба Грозданов- Симов: Кочанчани ќе имаат бенефит од соработката меѓу општината и Агенцијата за електронски комуникации

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации Орце Симов. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на дигиталната трансформација во локалната самоуправа, зајакнување на сајбер-безбедноста, како и за реализирани и потенцијални донации во Кочани.

Посебен акцент беше ставен на дигитализацијата на административните процеси, подобрување на електронските услуги за граѓаните и зголемување на безбедноста на информациските системи, со цел поефикасна, потранспарентна и посигурна локална самоуправа.

Градоначалникот Грозданов ја истакна важноста од соработката со Агенцијата за електронски комуникации како клучен партнер во процесите на дигитален развој. Соговорниците се согласија дека континуираната институционална соработка е клучна за успешно справување со предизвиците во областа на дигитализацијата и сајбер-безбедноста на локално ниво.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace