БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на градоначалникот на Кочани Владко Грозданов со станарите од Трговскиот центар блок А

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов одржа средба со станарите од Трговскиот центар, од блок А, на чија источна  страна од терасата се наоѓаат угостителски објекти.  

На средбата беа детектирани проблемите од јавен интерес, за кои градоначалникот Владко Грозданов најави изнаоѓање најсоодветни начини за нивно надминување.

Станарите побараа да се отстранат бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на Трговскиот центар блок А, и доколку е можно, да се постави заедничка кровна конструкција на терасата, или пак да се изработи проект за хидроизолација и замена на газиштата на скалите. Станарите предложија, во краен случај, просторот да се користи како порано, односно со поставување маси и столови покриени со чадори и украсување со жардиниери.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тие побараа решенија и за гласната музика и бучавата, за непријатните мириси од кујните на угостителските објекти, како и подобрување на безбедноста и функционалноста на подземниот премин.

На состанокот беше заклучено дека Општина Кочани ќе преземе соодветни дејства за решавање на наведените проблеми, со цел да се подобри целокупната слика за градот и Општината и да се зголеми безбедноста и квалитетот на животот на станарите.

Креирано од:


Пренеси го гласот