Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во простириите на општината оствари средба со младиот Љупчо Михајлов кој што го освои бронзениот медал на Европското првенство во карате кое што се реализираше изминатиот викенд во Прага-Чешка.
Љупчо Михајлов е член на Карате клубот (КК )-Штип од каде доаѓаат најдобрите каратисти во Македонија Сашко и Жарко Арсовски и Емил Павлов. Овој остварен резултатски успех на младиот Михајлов е успех за самиот клуб но и за Македонската карате репрезентација бидејќи од сите кандидати Михајлов го оставри најголемиот резултат.
Во врска со средбата со новиот штипски спортски јунак градоначалникот Јорданов упати свое кратко соопштение во јавноста:
“Љупче Михајлов е новиот идол на штипската спортска сцена!
На Европското првенство во карате, без пораз во 6 борби, успеа да го освои бронзениот медал.
Им честитам на Љупче и неговите тренери, а од наредното првенство очекувам да ни се вратат со златен медал!”
-соопшти градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа