На 19.06.2022 околу 00.05 часот во ОВР Виница било пријавено дека на крстосница од бул.„Маршал Тито“ и ул,,Партизанска“ во Виница се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(21) од Виница и патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, управувано од Г.С.(46) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка во второто возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Виница.
Извор: МВР

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево