На протестот на Сојузот на Синдикати на М;акедонија своја поддршка јавно упатија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова преку социјалните мрежи објави фотографија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пред собранието како дел од протестот на ССМ..
“Ние како пратеничка група го поднесовме амандманот на ССМ со кој требаше во предлог ребалансот на Буџетот за 2022 година да се обезбедат средства за линеарно покачување на платата на јавната администрација за 2806 денари но за жал, мнозинството го одби. Не може народните претставници да бегаат од работникот и синдикатите. Доста е со лажни ветувања, пишува Панова.
Посочи, веднаш да се реализираат дадените ветувања, а уште еднаш го повикуваат мнозинството да го преиспита својот став и да го поддржи комисискиот амандман.”
-соопшти Ели Панова- пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!