Градоначалникот на општина Македонска Каменица како дел од своите програмски определби за континуирана поддршка на локалните институции и претпријатија, од средства од Буџетот на општината обезбеди нови лаптоп компјутери кои ќе се користат во рамки на воспитно-наставниот процес како и нови климатизери за просториите во градинката.

Дополнително градоначалникот Атанасовски информира дека општината и градинката се во тек на набавка на нова кујнска опрема, нови реквизити за рекреација и едукација на децата како и нови креветчиња кои што ќе бидат набавени наскоро.
“ГИ ПОДРЖУВАМЕ СИТЕ ЛОКАЛНИ ИНСТИТУЦИИ И ПРЕТПРИЈАТИЈА
Општина Македонска Каменица обезбедува континуирана поддршка за локалните институции и претпријатија. За подобрување на условите за работа и за престој на дечињата во ЈОУДГ “Бамби” набавивме нови лап топ компјутери и климатизери.
Во тек е набавка на нови индустриски апарати за потребите на градинката, а во наредниот период ќе работиме на обезбедување на нови играчки и креветчиња за дечињата.”
Продолжуваме посветено!
-соопшти Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип