БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на градоначалникот Јорданов со фудбалерите на екипата на Мал Ајакс

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Штип во средиштето на своите политички определби ги става граѓаните на општината како најзначаен сегмент на неговата работа. Реализацијата на политики и проекти кои што директно ги засегаат граѓаните во подобрувањето на нивните секојдневни активности стана главна одлика на градоначалникот Јорданов.

Во последниот период речиси и да стана редовна пракса Градоначалникот да има постојана комуникација со поединци но и сите формални и неформални групи кои работат и егзистираат во Штип.

Утринава Градоначалникот Иван Јорданов имаше топол прием за младите фудбалери од екипата на Мал Ајакс со кои што можеше да добие афирмативни предлози за развојотр на спортот во Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Постигнатиот успех на младите фудбалери од Мал Ајакс и освоеното прво место на турнирот во Могила, беше една од причините да се сретнам со нив и да ги слушнам нивните сугестии за развој на спортот и уредување на спортските содржини во нашиот град.”

-соопшти градоначалникот Јорданов во врска со средбата.

Ваквото акцентирање на важноста од ваквиот начин на соработка од страна на Градоначалникот на највисоко локално ниво е особено позитивен пример за останатите градоначалници во државата на кој начин треба да е водат локалните политики од избраните функционери.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace