Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Чешка Мирослам Томан.
Ова е краткото известување кое што Мицкоски го упати до јавноста после средбата:
Денеска остварив средба со Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.
Разговаравме за повеќе теми како и за актуелните политички случувања во Република Македонија.
Го информирав амбасадорот за последните случувања кои се случија изминатите денови. За политичката тортура која ја применува власта врз опозицијата. Претепувањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните.
Животите на луѓето кои се во притвор поради политичките процеси се загрозени,а власта се обидува со манипулации да одбегне одговорност. Нема друга држава во светот каде власта така брутално се пресметува со опозицијата и со граѓаните.
Потребен е јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе ги расветли сите коруптивни и криминални активности и воедно ќе обезбеди спроведување на правдата и правната држава.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Николоски: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман се поврзуваат со модерен пат со главниот град
Продолжува трендот СДСМ од опозиција да промовира реализација на проекти на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ