БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поднесена Кривична пријава против непознати лица, против ЈКП Комуналец ПО Пехчево и против Општина Пехчево

Пренеси го гласот

Како резултат на дејствијата за кои претходно беше алармирана јавноста за закопување на живи кучиња во Пехчево за што известивме претходно, денеска од Здружението за заштита на животните Анима Мунди заедно со Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДЕН, Daisy Family Rescue i Helping strays in Ohrid, Macedonia, информираа дека е поднесена КРИВИЧНА ПРИЈАВА против:

1. Непознати сторители вработени во ЈКП Комуналец ПО Пехчево

2. ЈКП Комуналец ПО Пехчево

3. Општина Пехчево

во врска со случајот.

Во продолжение ја пренесуваме целата објава на Здружението Анима Мунди на социјалните мрежи во врска со денешното поднесување на пријавата:

По основани сомненија за сторени кривични дела (врз основ на член 272 и 273 од Законот за кривичната постапка), информираме дека Анима Мунди, заедно со Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДЕН, Daisy Family Rescue i Helping strays in Ohrid, Macedonia денес поднесе КРИВИЧНА ПРИЈАВА против:

1. Непознати сторители вработени во ЈКП Комуналец ПО Пехчево

2. ЈКП Комуналец ПО Пехчево

3. Општина Пехчево

ЗАТОА ШТО:

Постои основано сомнение дека на ден 19.02 и 20.02.2019 година околу пладне во Пехчево, НН лица вработени во ЈКП Комуналец ПО Пехчево со помош на вили и градежна механизација подигнувале од улица, а потоа и затрупувале со земја, живи бездомни и домашни кучиња, кои претходно биле затруени.

Од видеоматеријалот во прилог јасно се гледа дека неколку кучиња – домашни миленици и бездомни, собирани со вили, а со помош на градежна механизација се фрлени во дупка и видно грчејќи се во агонија предизвикана од отровот, немаат можност да избегаат, со што се осудени на сурова и мачна смрт.

Со особено суровиот и насилен начин на извршување на ова дело, освен страдање на животните обвинетите предизвикале чувство на згрозеност и страв кај присутните сведоци и случајните минувачи.

Имено согласно член 233 ст.1 „Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“. Па како во конкретниов случај обвинетите несомнено ги изложиле на непотребни маки и им нанеле непотребни болки на кучињата и со тоа заради изживување, на особено суров начин ги изложиле на страдање истите, поради што сметаме декаво дејствијата на обвинетите се содржани сите битни елементи на кривичното дело мачење на животни по чл.233 од КЗ.

Воедно потенцираме дека делото е сторено на особено суров начин и пред сведоци, кај кои сторителите со своето насилно однесување, предизвикале чувство на страв, несигурност и згрозување, поради што сметаме дека истите треба да се казнат со построга казна, односно да им биде изречена казна затвор од 1 година и висока парична казна.

Бараме од ОЈО Берово, согласно нивните надлежностите да превземе истражни дејствија и да испита, дали постои инволвираност, а со тоа и кривична одговорност и на општината Пехчево во спроведување на делото, од причини што отров е фрлен во големи количини и на поголем дел од градот, со што постои сомнение дека делото е организирано и дека не се работи за изолиран случај на поединец.

Посебно барање: Воедно бараме да бидеме навремено известени за Вашето постапување по оваа пријава, како би можеле понатаму, доколку има потреба, да го искористиме нашето право на жалба до Вишото јавно обвинителство.

Претходно од општината излегоа со свое соопштение во врска со случајот за што известивме тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот