Во текот на претпладнето Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев оствари работна информативна средба со претставници на меѓународни организации и амбасади со цел за координација на тековните и идните активности кои се однесуваат на реформа во полицијата.
Во наредниот период Министерот Чулев најави дека ќе се реализираат серија на активности за подобрување на капацитетите на полициските службеници за безбедност.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Министерот Наќе Чулев во однос на оваа средба:
“Денес остварив прва работна средба со меѓународните автори и партнери кои не поддржуваат во севкупните напори за реформи на полицијата. Овој настан претставува заедничка координативна средба, од информативен карактер, на претставници на странски амбасади акредитирани во земјава и во странство и на меѓународни и регионални организации.
Во насока на исполнување на приоритетите и стратешките цели на Министерството за внатрешни работи, но и од аспект на зголемување на транспарентноста и отчетноста за работењето на Министерството, од овој месец, започнуваме серија презентации наменети првенствено за полициските аташеа/службеници за безбедност акредитирани во и за земјата.
Дадовме ретроспектива на постигнатите активности во 2019 со јасна споредба на оние постигнати во 2018 година, и поставивме основа за натамошни компарации при нашите средби оваа 2020 година.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово