Денеска остварив работна средба со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. На средбата уште еднаш заеднички ја потврдивме партнерската соработка воспоставена децении наназад во интерес на создавање услуги за најранливите категории на граѓани и на повозрасните лица.
Црвениот крст е партнер на МТСП во заштитата и поддршката на бездомните лица. Изминатите неколку години Министерството и Црвениот крст отворија пунктови во повеќе градови во државата, во периодот од годината кога се прогласува ладен бран. Министерството обезбедува финансиски средства за поддршка на бездомните лица во текот на овој период од годината. Заедно успешно соработуваме во обезбедувањето поддршка за повозрасната популација во Дневните центри за стари лица, како и поддршка во обезбедување дневни услуги за лица со интелектуална попреченост.
На средбата исто така потенциравме дека заедничката успешна сработка ќе продолжи и во иднина со цел поддршка и помош на најранливите граѓани на нашето општество.
-соопштение на Министерката за друд и социјална политика на Република Македонија Рашела Мизрахи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија