Во текот на денешниот ден своја работна средба имаа Министерот за внматрешни работи на Република Македонија со Амбасадорот на Народна Република Кина, во Република Македонија Џанг Ѕуо.
на средбата како што информираше Министерот Чулев било разговарано за прашања поврзани со организирањетоо на предвремените парламентарни избори во мирна и демократска атмосфера, како и за идните планови за соработка на Република Македонија со НР Кина.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението упатено до јавност од страна на Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев:
“Денес остварив работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.
Aмбасадарот од моја страна беше запознаен со заложбите на министерството за внатрешни работи во насока на организирање на фер и демократски избори.
Заеднички ја потврдивме добрата соработка на двете страни од минатото која дополнително ќе се продлабочи на оперативно ниво по склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија 🇲🇰 и Кинеската народна вооружена полиција.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист