Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван со двајцата потпретседатели Тимчо Муцунски и Александар Николоски денеска оствари работна средба со кинескиот амбасадор во Република МАкедонија Џанг Ѕуо.
На средбата било разговарано за актуелните економски состојби од интерес на граѓаните на државата како и за можна соработка во иднина.
“Денес заедно со потпретседателите Aleksandar Nikoloski и Timco Mucunski остваривме средба со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕуо.
На средбата се разговараа економските предизвици кои ја засегаат земјата, но и светот и дека само зголемена соработка на економско поле и отворени економии може да придонесат за што побрзо оставање на кризата зад нас.”
-соопшти Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје