Динамиката на изведбените работи за уредување на повеќе јавни површини и содржини која што ја спроведуваат вработените во ЈП “Стипион” во Штип пополека дава ефекти.
Повеќе јавни површини пополека го добиваат својот посакуван изглед, со неопходната урбана опрема и партерно и хортикултурно уредување на просторите.
Во текот на денешниот ден вработените на ЈП “Стипион” Штип работеа на повеќе локации и позиции со што го надополнуваат својот неделен план за работа.
“Дневни активности на Стипион 09.06.2022
Работа во парк во населбата Сењак 4 ( бетонирана подлога за мини игралиште за футбал)
Работа на оградата на спортското игралиште во Чардаклија
Поставување на кабел за целосно осветлување на паркот во населба Сењак ( спроти салата Јордан Мијалков )
Продолживме со ноќното обележување на сообраќајната сигнализација”
-соопштуваат од менаџментот на ЈП “Стипион” Штип.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани