Преку социјалните мрежи студенти кои што се сместени во блокот Г во студентскиот дом “Гоце Делчев” во Скопје реагираат со свои сведоштва за проблемите со кои што живеат во нивното студентско секојдневие.
“Еве еден реален студентски проблем за кој покрај ние како УМС ги повикувам и УСС УКИМ да реагираат. Ова е состојбата во Г блокот во студентскиот дом Гоце Делчев. Денес кулминира проблемот со водата со тоа што нема вода цел ден, а предходните две недели нема топола вода. Од студентите кои што се сместени во овој блок на социјалните мрежи го поставуваат прашањето дали треба на дождов да излеземе за да измиеме раце и лице? Да не ја политизираме оваа тема кој што кога направил. Ги повикувам сите општестевни чинители покрај студентските и младинските организации да го зголемиме притисокот врз надлежните за овој проблем на студентите да се реши во најбрз можен рок.”
-соопштти претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов споделувајки едно од сведоштвата за проблемите кои што се присутни.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Двајца патници испаднале од автобус во Свети Николе
ЕБОР и ЕУ го зајакнуваат пристапот до финансирање на жените и младите претприемачи во Македонија
Македонија домаќин на висока регионална конференција за демографски промени и градење отпорност