Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Стабилен и одржлив развој на Брегалнички.мк. Најава за новитети и развој на нашите услуги

Врз основа на релевантни и референтни аналитички системи на Гугл Аналитикс и Алекса, нашиот портал Брегалнички.мк бележи солиден раст на популарност и посетеност дефинирана преку повеќе параметри.

Во текот на последниот ден од месец март 2019 година Брегалнички.мк го имаат посетено над 6100 уникатни корисници, со над 9500 посети на разични индекс страни само за 24 часа.

Во последните 7 денови од месец март Брегалнички.мк имал нешто помалку од 17000 уникатни посетители со над 34000 прегеди на различни индекс страни.

Во последните 14 денови односно во втората половина од месец март сајтот имал над 24000 посетители со 52000 посети на различни индекс страни.

Посетеноста за цел месец март бележи драстичен раст во однос на февруари месецот пред тоа.

Брегалнички.мк за еден месец го имаат посетено нешто помалку од 43000 посетители а сајтот бил отворен над 95 илјади пати.

Прирастот на посети по месеци во последните 90 денови говори за едно просечно ниво од околу 3000 посети на сајтот дневно со 76000 уникатни корисници.

Притоа ранкот на порталот на најрелевантниот интернет аналитички сервис за анализа на рејтинг по посетеност на интернет сајтови ALEXA моментално изнесува 720 во Македонија, односно се наоѓа на околу 900 ијадитото место во светски рамки.

Оттука натаму, согласно нашата стратегија за развој на порталот ќе воведеме повеќе различни и нови модули за работа и презентирање со што планираме зафаќање на поголема публика и читатели од сите категории на граѓани.

Нашата фејсбук страница моментално има 3485 седбеници и бележи постојан природен нефорсиран прираст на читатели, поддржувачи и коментатори на нашите објави на фејсбук:

Нашиот твитер профил редовно е ажуриран со најновите дневни информации. Ќе следува проширување на опсегот и начините на презентирање на информациите преку твитер во наредниот период.

Ваквите бројки и параметри за посетеност ни даваат за право да соопштиме дека порталот Брегалнички.мк одржува до сега едно стабилно ниво на посетеност и стабилен број ан посетители, кои ни ја укажуваат секојдневно довербата на читаност.

Нашето мото е Одржлив развој!

Нашата цел е брза и точна информација!

Нашиот пат е макотрпен и тежок и се гордееме што го одиме!

Брегалничкиот регион има трошка светлина пред себе, нешто што пред појавата на овој портал го немаше.

Упатуваме сериозна благодарност на укажаната поддршка во изминатиот период од страна на сите наши читатели и се надеваме дека уште повеќе ќе го заслужиме вашето ценето внимание.

31.03.2019 год.

Со почит

Уредник

Креирано од: