Денеска во Центарот за култура “Бели мугри” во Кочани ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Новица Трајковски.
Неговата изложба е насловена под името „Старите камени мостови во Македонија“ што е дел од циклусот изложби која уметникот ја нарекол “Убава е Македонија”.
Новица Трајковски е роден 21.12.1962 во населба Илинден, Скопско.
Средно уметничко училиште завршува во Скопје,
Ликовна академија во Скопје во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов.
Има остварено над 50 самостојни изложби и многу групни изложби во земјава и надвор од неа.
Член е на ДЛУМ, живее и работи како слободен уметник во своето родно место.
За неговата изложба тој самиот ќе каже:
„Целото мое сликарство е посветено на божествената љубов бидејќи сето она што не опкружува, вклучително и нас е дел од неа. Јас како роден Македонец и православен христијанин ги сликам убавите предели од мојата родна земја, Македонија и сè што ме инспирира од неа, па оттаму, циклусот го нареков „Убава е Македонија“.
„Старите камени мостови во Македонија“ е дел од тој циклус и со него се претставувам со моја самостојна излжба во салон фоаје на во Центарот за култура Бели мугри во Кочани.”
Свечено отварање: 15.11.2019година (петок) со почеток од 12:30 часот во Салон-фоајето на Центарот за култура во Кочани.
Влезот за сите заинтересирани граѓани е слободен.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево