Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во врска со тековната постапка за носење на Буџетот на Владата на Република Македонија реагираше со свој став во јавноста преку кој прави пластична споредба за она што го креира власта преку овој најзначаен документ за Македонските граѓани:
“Заев тврди дека со предлог буџетот за 2020 година ќе се инвестираат најмногу средства досега за човечки капитал.
Истовремено, со истиот тој предлог буџет за 2020 година, истиот тој Заев тврди дека се алоцираат средства за дигитализација на јавната/државната администрација и институциите.
Тоа е исто како во фабрика за автомобили истовремено да купувате машини за производство на колите и да вложувате во обуки на постоечките и да вработувате нови работници.
Криминално-рекетарско банда без компас!”
-соопши Игор Јанушев.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија