На површина од стотина хектари во Националниот Парк Галичица стартува изградбата на репродуктивниот центар за елени. Тој ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со карантин, хранилишта, поилишта, солишта, набљудувачници и друга потребна инфраструктура.
Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од
Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените
подрачја”, вредна 4,3 милиони евра. Истиот се реализира во рамки на
програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со
Министерството за животна средина и просторно планирање
Националниот парк
Галичица.
Во рамки на проектот се спроведуваат и активности за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија. – информираат од OhridNews



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција
Финансиска полиција поднесе Кривична пријава против поранеше в.д. директор на ЈП Кпмунална хигиена Скопје
Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка