Вчера баш прочитав статус околу младите луѓе и нивната (не)бунтовност во срцето, нивната непроживеаност, а во исто време залагање во политиката.
Еве ќе прашам дали знаете што е бунтовност?
Да бојкотирате референдум.
Да протестирате на минусни температури бранејќи го името, јазикот, идентитетот.
Да застанете како единствено женско наспроти мнозинство мажи и да не им дозволите да ги наполнат кутиите.
Бунтовност е кога ја слушате химната на татковината и се борите за правдините на Македонецот, оние истите правдини што ги опеваме во химната, а ни се одземени.
Бунтовноста ја имал мојот прадедо, што не дочекал да си го види синот.
Бунтовноста ја имал татко ми, што без размислување оставил семејство дома и ја бранел Македонија.
Бунтовноста ја имам и јас, затоа што пробувам да го сочувам она за коешто гинеа моите предци.
Тоа се моите идеали. Тоа е моторот кој ме движи.
А во меѓувреме…
Во меѓувреме живеам, шетам и се восхитувам на убавините на мојата Македонија.
Пишува: Стефани Денковска

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час