БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Струмица ја одбележa 62 – годишнината од раѓањето на Претседателот Борис Трајковски

Пренеси го гласот

Пред споменикот „Македонија“ во струмичкиот градски парк, се одржа чествување по повод 62 – годишнината од раѓањето на вториот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

За животот и делото на Претседателот Трајковски, говор одржа градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. На свеченоста беа доделени и награди на авторите на најдобрите творби во чест на Претседателот Трајковски, од традиционалниот конкурс на ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“, а беше положено и свежо цвеќе пред споменикот „Македонија“.

Градоначалникот покрај говорот во чест на Претседателот Трајковски, време посвети и на неговите заложби за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Малку не сериозен пристап кон настанот, и осуден од неколку присутни.

Креирано од:


Пренеси го гласот