БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за промоција на Македонската Рок Енциклопедија во Кавадарци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Караванот за промоција на Македонската Рок Енциклопедија продолжува да ги “заразува” и понатаму македонските градови.

Во петок, на 29 јуни 2018, од 20 часот, во Галерија при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се одржи ексклузивна промоција на првата “Македонска Рок енциклопедија“, на авторот Тошо Филиповски.
Извонредна прилика да се слушне авторот, како еден од најдобрите познавачи на македонската рок музика, инаку долгогодишен музички новинар, организатор на рок концерти и фестивали и редок хроничар на македонските рок состојби. Секако, на присутната публика и сопствениците на единствената “Македонска Рок енциклопедија“ ќе им посвети особено внимание и потпишување на истата.
Промоцијата ќе има повеќе содржини. Меѓу другото, настап на двајца извонредни кавадаречки рок гитаристи Ристе Димитров (Smoke Shakers/Bad-Ass-All) и Виктор Кимов (Leksikon), прикажување на докуметарен филм за македонската рок музика од шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, како и разговор со авторот за Македонската рок енциклопедија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace