Се поизвесно станува дека, на некого му се допаѓало тоа или не, референдум околу промена на нашиот идентитет и уставното име на државата ќе има на крајот на септември. Поради бруталноста на пропагандата во замајување на македонската јавноста се почето кружат термини за ”задолжителен”, ”обврзувачки”, до одредени експерти ни објаснуваат што би бил ”фер” цензус на референдумот. Од друга страна последните 15 години ВМРО и сите нејзини првенци, повикуваа на референдум во случај на решение за името (иако не е сега само името на татковината, туку е и целата историја и идентитет), а да се потсетиме, Заев ќе оди на референдум секако. Од тука ние не треба да бараме од ВМРО-ДПМНЕ да го спречи неговото одржување, но можеме и мораме да бараме нејзино активно вклучување во сите фази од тој референдум, се до официјално објавување на резултати од ДИК дека е неуспешен. Според мене:
Прво, ВМРО мора да инсистира на бројка од 50% + 1 граѓанин или во бројки над 900.000 граѓани да излезат на тој референдум, за да тој биде успешен. Тој е основен услов
Второ, ВМРО уште од сега треба да направи списоци на контролори по гласачките места и нивни заменици. Нормално тоа треба да бидат нејзините најпроверени и докажани членови
Трето, ВМРО мора да ги замоли пријателите на Македонија од Австрија, Унгарија и Турција за испраќање на што поголем број нивни контролори на тој референдум
Четврто, но и најважно, ВМРО веднаш да започне кампања по сите населени места, села и градови, објаснувајќи ја штетноста на предавничките договори кој ги потпишаа Димитров и Заев, опасноста од бришење на нас како народ и поделба на Македонија, како и огромното значение на што помасовен БОЈКОТ на референдумот
Да живее Република Македонија
Александар Пандов со свој став укажува на можното решение како референдумот да не успее


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот