Окупацијата на државата од страна на политичките стеги на поедини партии во Македонија започнува онаму каде што најмалку треба- во факултетските кампуси кои што наместо да се занимаваат со образование и спроведување на законски делегирани права и обврски работат во заштита на неправдата- против пропишаните правила и прописи. Така по вертикала овие постапки на противправно дејство се рефлектираат до секоја пора во општеството што допринесува до појава на помали или поголеми катастрофи на штета на граѓаните.
Факултетско студентско собрание на Правен Факултет со своевиден јавен проглас пред малку се обратија во јавноста преку социјалната мрежа Инстаграм. Во своето соопштение студентите од оваа високонаучна институција алармираат за противправно делување на поединци избрани како претставници на студентите на Филозовскиот факултет во рамки на телата на организирање на самите студенти и злоупотреба на нивните ингеренции во политички цели со обиди за заштита на бесправните постапки.
“Наши Колеги, но пред се пријатели и сограѓани кои длабоко ја чуствуваме болката која ни ја всади трагедијата во Кочани. Сите сме изреволтирани, вознемирени и растревожени од континуираното потфрлање на системот и институциите.
Како студенти на Правен, како никогаш досега се соочуваме со тоа дека правдата е само концепт и дека ништо нема да ни ги врати тие прекрасни, млади и надежни животи.
Изразуваме големо жалење и негодување што нашите колеги- студентски претставници на Филозобскиот факултет, кои видно не ги познаваат ниту своите надлежности, ниту одговорности (а се бирани од своите студенти), ја узурпираа ситуацијата да изманипулираат искрени и чесни грла во трагедијата која не снајде.
Согласно нормативните акти, студентското собрание на одреден факултет (пр. Правен, Филозовски) може да именува само двајца делегати во редовите на УСС согласно член 36 став 3 од Законот за Високо образование. Понатаму, ЗВО остава простор истите делегати да се променат или отповикаат од страна на Факултетското собрание кое ги избрало. Дополнително, единствен механизам за изразување револт во случај на несогласување на ФСС со работата на УСС е отповикување на избраните претставници и да не именува нови.
Уште повеќе ФСС на Филозовскиот факултет, се уште ги НЕМА ОТПОВИКАНО делегатите кои се претходно бирани (иако веќе ги преплавија медиумите за мало внимание ‘како изгласале недоверба’), туку напротив, истите делегати активн учествуваа во последната седница на УСС.
Бараме јавно извинување од страна на членовите на студентското собрание на филозовскиот факултет, не кон ФСС-ПФ, Правен, УСС, УКИМ- туку кон сите нас студентите, бидејки го злоупотребуваат просторот за ширење лажни информации кои за жал, се базираат на нивна правна лаичност.
Една од причините за таа лаичност е токму и партиската припадност на дел од членовите на тоа собрание, кои впрочем први ја споделија таа вест- не само на студентските канали на комуникација, туку и медиумите.
Неправото не продуцира право.
Партизираните деца не најавуваат непартизираност.
Неинформираноста не поттикнува просперитет и здраворазумно дејствување во едно општесто.
Трагедијата не е политички капитал.
Во моменти кога болката не’ разорува, а неправдата не’ гуши. единството и рационалното размислување се потребни повеќе од било кога.
Тагата ни е заедничка. Гневот ни гори во градите. Но не смееме да дозволиме да не’ поделат токму сега, кога најмногу ни треба сплотеност. Ова не е време за лични агенди и индивидуално профитирање- ова е време за борба, за студентска солидарност и заеднички отпор против корупцијата и нефункционалниот систем.
Животот е едноставен и нагло се менува.
Видовме…”
-стои во соопштението упатено преку Инстаграм од страна на Факултетско студентско собрание на Правен Факултет.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030