Suns го прославува 25-годишниот јубилеј од објавувањето на албумот „Мојот сон е само мој“ (1994, Коприва Рекордс), со објавување на ремастеризиран двоен, 180-грамски аудиофилски винил во издание на Corpus Delicti Records.
Слушачката промоција на новото грамофонско реиздание во Скопје ќе се случи на 6 септември во 21 часот во Bar La Kaña (со диџеј сет на Давид Ангелевски по промоцијата).
Плочата на денот на промоција ќе биде 1600 денари.

Оригинално, албумот е објавен во 1994 година на аудио-касета за Коприва рекордс, по десет години Lithium Records го објавува како компакт-диск и 2018 преку kritika.mk и како дигитално издание https://kritikamk.bandcamp.com/album/suns-mojot-son-e-samo-moj.
Единствениот албум на Suns го снимија Ѓокица Зафировски (гитара, вокал, клавијатури), Саша Павловиќ (бас) и Андреј Анастасов (тапани и клавијатури).
Албумот е снимен во ноември 1993 за 60 часови во “Go Go Studio” во Београд. На две грамофонски плочи се наоѓаат вкупно 12 песни: „Двајца“, „Зборувам?“, „Мисли“, „Врне“, „Белег“, „Обид“, „Гајле“, „Карпа“, „Зум“, „Луѓе“, „Талог“ и „Мој“.
-Превземено од фејсбук

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене