• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија

Свети апостоли Петар и Павле (Петровден)

јули 12th, 2019 Македонија коментари 501
Свети апостоли Петар и Павле (Петровден)

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконата тие се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.

Според некои народни верувања Петар и Павле се иста личност, според други, пак, тие биле браќа. Во народното верување Петар бил богат и сербес (кабадахија), а Павле сиромав и праведлив. Меѓутоа, како што е познато Петар не бил брат на Павле, туку на Андреј, наречен Првоповикан затоа што бил првиот Христов ученик.

Светиот апостол Петар е роден во селото (според други мало гратче) Витсаида на брегот на Галилејското езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исус го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар  за да била цврста како камен.

Како верен Христов ученик Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли како на пр. при преобразувањето (Преображение), при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл. Петар предложил да биде избран нов апостол на местото на Јуда кој по предавството се обесил. Со коцна бил избран Матеј и со тоа бројот на Христовите апостоли пак станал дванаесет. Исто така, по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите кога овие се исполниле со него и започнале да зборуваат на разни јазици, а народот помислил дека се пијани, Петар одржал впечатлива беседа кажувајќи дека тие не се пијани туку дека се исполнети со Светиот Дух. По оваа беседа Петар ги повикал присутните да ја примат Христовата вера и само во тој ден се крстиле околу 3000 луѓе. 

Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим. Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на Христијанството е и светиот апостол Павле. Затоа светата Христијанска црква споменот на овие двајца апостоли го празнува во ист ден. 

Кој бил апостолот Павле? Тој не бил меѓу оние познати 12 христови апостоли. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Роден е во гратчето Тарс, во областа Каликија во мала Азија. Првобитното јудејско име Савле (што значи измолен) сам го променил во Павле (од римски павлус – мал, малечок). Родителите го дале на училиште и набрзо уште мал станал образован човек. Се занимавал со ќилимарство и од тоа живеел. Кога се појавило христијанското учење бил на страната на еврејските свештеници кои се бореле против оваа вера. Кога дошло до првиот судир во кој загинале многу Христијани и Савле бил на страната на еврејските свештеници, ги фаќал Христијаните и му ги предавал на судот. Учествувал и во каменувањето на св. Стефан Првомаченик, по што му ја зел облеката.

Но еднаш кога патувал за градот Дамаск за и тамо да се бори против Христијаните му се случило нешто што од корен го изменило неговиот живот. Одеднаш блеснала силна светлина и тој паднал на земјата. Од светлината слушнал глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“ „Кој си ти?“ – прашал исплашениот Савле. „Јас сум Исус кој ти го прогонуваш!“ – одговорил гласот. „Господе, што да правам?“ – запрашал Савле. „Стани и оди во Дамаск. Тамо ќе ти кажам што да правиш!“

Павле станал но ништо не гледал. Придружбата го одвела во Дамаск каде што останал три дена. На третиот ден дошол еден побожен човек кој му рекол дека е испратен од Исус да му каже дека е време да прогледа и да се исполни со Светиот Дух. Во тој момент му се вратил видот, тој се крстил и од најжесток противник на Христијанството станал негов најголем афирматор. Откако брзо ја изучил христијанската наука почнал да проповеда по светот и познати се четирите негови патувања низ Мала Азија, Балканскиот и Апенинскиот Полуостров. Заслужен е за покрстувањето на многу луѓе. Пишувал и посланици кои и денес во црквата се користат како свети книги и во нив ги упатувал верниците како треба да живеат за да ја имаат божјата наклоност. И во народниот говор и денес се вели „Од Савле стана Павле“, за некоја личност што од голем противник станал приврзеник на одредена дејност.

Со својата активност апостол Павле предизвикувал омраза кај еврејските свештеници кои неколку пати го затворале и мачеле. Бил обвинуван дека народот го поттикнува на непослушност. Еднаш бил предаден на Римјаните и наклеветен по што главата му била пресечена со меч. Поради многуте заслуги светата христова црква го ставила во редот на апостолите. Неговиот празник се празнува заедно со празникот на св. Петар но и посебно, следниот ден на 13 јули (или 30 јуни според стариот календар). 

Светиот апостол Павле особено е значаен за нас Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. 

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“ што е дел од Светото писмо се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада една ноќ имал видение: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ‘Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евенгелието.“ (Дела 16-9,10) Како што стои во ова сведоштво една богобојазлива жена од градот Тиатир по име Лидија прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!“- им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Ете затоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битли во походот кон Европа и светот.

На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае различно.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

Павловден жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден. 

Според преданието – „Петре и Павле биле побратими. Сек’де заедно оделе, ама Павле бил болен. Петре си рекол: Ов’ј чоек ќе умрит, ја ај да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? – Ами Павле је болен рекол, та му го коп’м гробот. – Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умре во него, а Павле си остана ушче да си живејт.“

За многу години овој голем Христијански празник Македонци.

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава НАТО ФЕСТ- една година потоа.... ТОНЕМЕ!
Следна објава Стартува 59-то „Охридско лето“ - вечерва ќе го отвори Виолинистката Ванеса Меј
Може да Ве интересира:
Дали "Република Македонија" на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?
Македонија

Дали "Република Македонија" на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?

март 2nd, 2021 137
Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

март 2nd, 2021 414
Артан Груби платен со парите на Македонските граѓани напиша нешто во врска со пописот на фејсбук. Кој знае нека преведе
Македонија

Артан Груби платен со парите на Македонските граѓани напиша нешто во врска со пописот на фејсбук. Кој знае нека преведе

март 2nd, 2021 108
Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората
Македонија

Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората

март 2nd, 2021 167
Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба
Македонија

Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба

јануари 31st, 2021 26
"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му

јануари 29th, 2021 1362
Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ
Македонија

Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ

јануари 25th, 2021 168
Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија
Македонија

Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија

јануари 24th, 2021 228
Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија
Македонија

Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија

јануари 22nd, 2021 157
Facebook Comments
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

334
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

1508
Најнови објави
Мар 3rd 2:58 PM
Политика

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за престанување на важењето на Законот за попис на Зоран Заев и Али Ахмети

Мар 3rd 1:21 PM
Наука

Сепак Коцарев бил во право: Програма за укинување на катедрата по Македонски јазик е дел од програмата на Деканот на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”

Мар 3rd 8:46 AM
Историски документи

На денешен ден промовирана Санстефанска Бугарија- Влажен сон на големо-бугарскиот иредентизам кој што никогаш не се остварил

Мар 3rd 8:02 AM
Политика

Владата на Заев го одобри проектот за субвенционирање на правична застапеност во приватните компании

Мар 2nd 9:31 PM
Регион

Во последната година од мандатот на Градоначалникот на Карбинци му текна дека патот Таринци – Балван е дивоградба

Мар 2nd 7:23 PM
Глас од истокот

На претстојниот конгрес на СДСМ гласајте за бр. 1, зошто не постои број 2

Мар 2nd 5:08 AM
Македонија

Дали “Република Македонија” на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?

Мар 2nd 4:48 AM
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

Мар 2nd 4:27 AM
Македонија

Артан Груби платен со парите на Македонските граѓани напиша нешто во врска со пописот на фејсбук. Кој знае нека преведе

Мар 2nd 4:10 AM
Македонија

Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората

Набери здравје
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

Мар 2nd, 2021 414
На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Мар 1st, 2021411
Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...
Став

Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...

Фев 28th, 2021239
Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората
Македонија

Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората

Мар 2nd, 2021169
Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 26th, 2021163
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
burning man fest 087
37379984881 193cec35a4 o
burning man fest 096
glamour 036
dan stevens 09
received 649880368788590
60341508 424310544820229 434145937208639488 n
received 438682116937610
dan stevens 11
12-11-2015-1447337119
Kelly Brook 15
sophia loren 03
razlovci arhitektura 10
15-10-2015-1444898222
Напуштеното пијано 04
Kelly Brook 38
30-05-2018-1527683937
Monica Bellucci 103
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.