БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Таткото на Фросина со благодарност до сите институции,МВР,Владата, премиерот и партијата ВМРО-ДПМНЕ која излезе со јасна иницијатива за разрешување на судијката

Таткото на Фросина: Благодарност до сите институции, управата за извршување на санкции, МВР, Владата, премиерот и партијата ВМРО-ДПМНЕ која излезе со јасна иницијатива за разрешување на судијката
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

„Благодарам до сите институции кои први изреагираа на оваа голема наша мака. Благодарам на управата за санкции на Александар Пандов, на МВР, на Владата, на премиерот, на партијата ВМРО-ДПМНЕ која излезе со јасна иницијатива во врска за разрешување на судијката“, ова вечерва го истакна Тодор Кулаков, таткото на починатата Фросина во гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на телевизија Сител.

Кулаков изнесе информација дека според последното сознание убиецот сакаат да го претстават како да шекнал од болка и да го однесат во друга институција каде што е помала контролата.

„Како последно сознание кое стигна до нас е дека сакаат таквиот монструм да го претстават како да шекнал од болка, а тоа е само заради фактот што им ги земаат телефоните, не можат да комуницираат и сега не им одговара да се во Шутка и бараат некоја друга институција каде да го однесат, дали лудница каде што е помала контролата, така да комуницира, така да го бранат“, рече Кулаков.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Кулаков побара најбрза реакција од надлежните за ова веднаш да се спречи.
„Бараме најбрза реакција од надлежните ова веднаш да се спречи. Ако он бил ненормален тоа имало време кога да се констатира, а не сега, сега е јасно за што се работи“, рече Кулаков.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace