Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со услови за појава на ситен град.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10 степени.
Од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16 до 24 степени.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА
Лашкоска: Нема одложување на новите еколошки обврски за индустријата