Месеците си ги измешаа местата. Ни дојде ноември, а октомври чекаме да почне во втората половина од месецов. Ова е 21 век, тотално е несреден и без ред, се сменија луѓето, животните, инсектите, годишните времиња… Доцната есен е рана, десетиот месец почна со голем студ, првиот ден му беше налик на последниот, а рамнотежа ќе се постигне кон средината. Откај знам? Не дека знам, ама мојава прогноза не е ништо полоша од прогнозите на синоптичарите, зашто никој не знае со сигурност, тоа се прогнози – не се пророштва. Иднината не постои, и затоа никој не може да ја знае. Времето, како што го сфаќаме, е навистна релативно, и тоа не го вели само Алберт А., туку и секој со ум што го набљудувал небото и размислувал за своето место под сонцето. Или под водата, дождот, сеедно. Мислам дека и некои китови го разбираат ова, ако не и сите.
Денес чодам Прилеп, ебаго, че имам промоција во киното, а потем е поетскиот слем, вистина уба манифестација што вејќе долги години ја организира Прилепската театарка работилница. Че се ничкосам в столче и че чекам да ми дојди редо, или можи и че сум судија, оти замене поезијата неможи да биди натпревар. Да се немало друга работа, да се брка првоместо. Чуму ти е? Со поезијата е како со лујџето: или е поезија или не е, или е човек, или чофте.
Во Прилепа града че уживам во читајне на натписите низ чаршијата, еден што ми остана во сејќавајне е: „имаме хамбургер со крастајчина“… и „чашина за ракија“… и „срејќен пат“ – како што пишува на излезо од градо. Малку ми се мешаат прилепскиот и битолскио, и знам дека никој нема да ми замери, освен прилепчани и битолчани, оти тие држат досебе, и до својте градој. Конкуренција си се. Само што сега Прилеп ја надмина Битола по население, ама по култура, уште не. Тука се некаде. И во Битола жаните се подотерани, а в Прилеп – подомајчинки. А прилепскине мажи, со некои исклучоци, се многу погласни од битолчаните. Че ти пукнат тапанчината ко че се развикаа намаса. Затоа пак битолскине мажи се дотеруваат појќе, да се еднакви наспроти дотеранине жени, ама на жените им личи дотерувајне – на мажи не! Ги прај накако женскасти. Ама, ко шо реков на почетоко, ова е двајс први век, се’ е збркано и испомешано, сибал веко!
Ете, се распишав од седум сато, а тонемибеше намерата. Би требало и да се искапам, ама и онака врни, ќе ме измие дождо. И насакам да се капам често, мачор сум во хороскоп.
Доброутро
*акцентските целости намерно ставани така ко шо се, забрането да се фаќа кусур и да се наоѓа мана, оти одмене поголем маанџија за тие работи – нема
Пишува: Тихомир А. Јанчовски