Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Тошковски на пункт за издавање лични документи се увери во проблемите на граѓаните

Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше на еден од пунктовите каде што редици на граѓани чекаат на студеното време за процедура за издавање на лични документи.

„Денешниот работен ден го започнав со посета на пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” каде лично од моја страна беше извршен увид во работата на пунктот со цел да се утврди фактичката состојба“,

-напиша тој во неговата објава на Фејсбук.

Тошковски ги прашуваше службениците зошто некои шалтери не функционираат при што доби одговор дека имало недостиг на кадри за тие позиции.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот