На лажните тези и ставови искажани во јавноста од страна на министерот Никола Димитров на фејсбук во врска со наводното непостоење на Македонски јазик кај народот во денешна северна Грција, реагираше претеникот во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков кој има свое семејно потекло од Егејска Македонија.
Во продолжение го пренесуваме во целост неговиот став:
НЕПИСМЕН МИНИСТЕР
Има ли крај на понижувањата што ни ги приредува министерот Димитров.
Не беа доволни страдањата на МАКЕДОНЦИТЕ во минатиот век кој ги приреди тогашната власт во Грција. Не беше ли доволна голготата на МАКЕДОНЦИТЕ кои ја доживеаа кога беа приморани да ги напуштат своите домови, не беше ли доволно забраната да се зборува македонскиот јазик во Егејска Македонија, па и вие моравте да се откажете од МАКЕДОНЦИТЕ кои живеат и го зборуваат МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК во Егејска Македонија.
Светите браќа Кирил и Методиј родени во Солун во IX век основоположници на словенската писменост и литература заслужни за културниот развој на сите словенски народи, дали и тие немаат врска со МАКЕДОНЦИТЕ во Република Македонија.
Македонскиот великан Гоце Делчев роден во Кукуш во Егејскиот дел на Македонија кој бил учител во Штип од 1894 до 1896 година дали според вас и тој немал ништо заедничко со штипјани односно немал никаква врска со овај дел на Македонија само поради тоа што е роден Егејска Македонија.
Дали Според вас Крсте Петков Мисирков роден во Постол, Егејска Македонија македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво, автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, нема ништо заедничко со МАКЕДОНЦИТЕ во Вардарска Македонија.
Кога по Втората Светска Војна требало да се стандардизира македонскиот литературен јазик да биде ист на целата територија на Македонија од авторите на тогашните учебници на македонски јазик (Мисирков: „за македонските работи“, Круме Кепески и Блаже Конески) земени се во предвид македонските говори од централниот дел на Македоија како и земен е во предвид и говорот на делот од Македонија кој се нашол под Грција особено од леринскиот,воденскиот и солунскиот крај.
Неписмен министер отворено ве прашувам: како се разбраа браќата Кирил и Методиј на територијата на Вардарска Македонија кога ја обавуваа својата мисија, како се разбираше Гоце Делчев и на кој јазик говореше додека предаваше и ги учеше штипјани, како МАКЕДОНЦИТЕ во Вардарарска Македонија ги разбираа книгите кои ги напиша Крсте Петков кој е роден во Егејска Македонија, а вие Министре не ги разбирате Македонците кои живеат на другата страна на границата.
Ние потомците на децата бегалци ќе ви порачаме само едно: „Оној што има за што да живее може да поднесе се“.
“ИМАМЕ ЗА ШТО ДА ЖИВЕЕМЕ, ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ЌЕ ВЕ ИСТРПИМЕ И ВАС И ОВАА ОДРОДЕНА ВЛАСТ”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Секој студент ќе добие ваучер од 15.300,00 денари за купување на компјутер. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа