Дрнрдкс дополнителниот заменик за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски беше во посета на Александар кој што е млад фармер од с. Сопотница демирхисарско кој одгледува 400 грла млечни крави.
“Го посетив Александар, млад фармер од Сопотница, Демир Хисар.
Александар има 400 грла крави, сериозна бројка за млад фармер, но не планира тука да застане, тој планира да ја зголеми бројката и со тоа да го зголеми производството на сурово млеко за кое Македонија има сериозен недостаток како суровина.
Потребно е државата да инвестира и да им помага на земјоделците како Александар, потребно е субвенциите навремено да се исплаќаат, потребно е да има олеснета процедура за аплицирање за ИПАРД фондовите, потребни се пофер услови за набавка на грла со педигре како и сигурен и загарантиран пласман на млеко. ВМРО-ДПМНЕ има јасен план и програма која ќе ја реализира после формирањето на нова Влада после 8 мај, заедно да го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец.”
-напиша на социјалните мрежи во врска со посетата Цветан Трипуновски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија